Италија
Гвардиола пикирал извонреден дефанзивец на Јувентус, Сити подготвува понуда од 60 милиони евра

Пеп Гвардиола се помири со реалноста и сфати дека неговиот тим мора да добие освежувања во јануарскиот преоден рок, но покрај пикираните играчи во офанзивната и централната дефанзива, шпанскиот стручњак сега побарал од управата да му донесе и нов десен бек.
Најавеното заминување на Кајл Вокер дополнително ги комплицира работите за трофејниот стручњак, па затоа покрај Омар Мармуш и Абдукодир Хусанов, Шпанецот го посакал и Андреа Камбијазо од редовите на Јувентус.
Талентираниот дефанзивец високо котира на италијанскиот трансфер пазар и важи за најнадежниот бек на „чизмата“, но медиумите од Апенините тврдат дека Манчестер Сити нема да има проблеми да ги исполни условите кои ги бара Јувентус.
Италијанскиот репрезентативец има 24 години и допрва треба да го достигне зенитот во својата играчка кариера, а фактот што може да игра и како бек и како играч за врска, прави да биде уште поинтересен за Гвардиола.
Според последните информации од Италија, Пеп дал зелено светло за интензивирање на преговорите со Јувентус, па иако се уште нема прва официјална понуда, се очекува истата да изнесува околу 60 милиони евра.
-
НБА13 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Балкан12 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија22 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Франција9 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)