Лига на шампиони
Гвардиола: Овој тим е посебен, верувам…

Манчестер Сити е домаќин на Реал Мадрид во првата средба од плејоф рундата во Лигата на шампионите, меч закажан за утре од 21 часот на „Итихад“.
Ова е дуел на две екипи кои во текот на сезоната покажаа доста слабости, но ова е натпреварување, фаза во која се почнува од нула и за тоа е свесен Пеп Гвардиола.
-Ни недостасува постојаност оваа сезона. Останавме без многу повеќе играчи од Родри. Само тој да ни недостигаше, немаше да имаме толку проблеми. Двете екипи се мачеа со повреди, но Реал подобро се справи со нив од нас, а тоа го покажува и фактот дека се први во домашното првенство и се борат со Атлетико. На крајот на краиштата, сите знаеме дека Реал е голем натпреварувач. Многупати сме се сретнале со нив и свесни сме дека се најдобри кога работите се најтешки. За да поминеме, потребни ни се два добри натпревари. Не заслуживме директно да се пласираме во топ 16. Тоа што реваншот ќе го играме на гости е заслужено, бидејќи не одигравме добро во лигашката фаза. Но, овој тим е нешто посебно и верувам дека тоа утре ќе го покажеме, -рече Шпанецот кој запрашан за тоа које фаворит, неговиот одговор беше следен:
-Знаеме дека двомечот ќе биде тесен, неизвесен и ќе се обидеме да одиграме два добри натпревари. Дали сте фаворит или не, ништо не менува, важно е само што покажувате на теренот, -порача трофејнито стратег.
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија20 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП21 час
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија23 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација17 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства8 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!