Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Ова не беше добро, ремито е фер резултат

Објавено

на

Манчестер Сити важеше за огромен фаворит на денешната пресметката против Саутемптон во Премиер лигата, но актуелниот англиски шампион не беше на посакуваното ниво и освои само бод против „светците“.

„Граѓаните“ имаа само еден директен удар во рамките на голот, па на тренерот Пеп Гвардиола му е сосема јасно дека не заслужиле подобар резултат на дуелот на „Итихад“ (0-0).

-Се мачевме во градењето на топката. Не бевме прецизни, не беше добро. Загубивме повеќе топки од вообичаеното и не се чувствувавме удобно да ги поврземе линиите, немаше врска со нападот. Имавме некои шанси, но ремито е фер резултат. Се обидовме се разбира да победиме, но не успеавме, -рече Гвардиола кој даде краток коментар за двете ВАР ситуации.

-Не сум видел ниту една од тие две ситуации, ниту пенал, ниту поништен гол, немам ВАР на клупата. Одлуката беше донесена, така што немаше пенал, -заврши Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни