Англија
Гвардиола открил дали разговарал со своите играчи и што го решило двомечот со Реал Мадрид

Манчестер Сити беше многу блиску до пласман во финалето на Лигата на шампионите, но на крајот му дозволи на Реал Мадрид да направи целосен пресврт и остана без можност да се бори за најважниот трофеј сезонава.
Англискиот клуб никако да дојде до европската титула и покрај добрата работа на Пеп Гвардиола и големите инвестиции во фудбалери, а шпанскиот менаџер денеска првпат ги коментирал случувањата во Мадрид по враќањето во Манчестер.
Гвардиола вели дека не им кажал ништо посебно на своите фудбалери по тешкиот удар на „Бернабеу“.
– Не зборувавме воопшто на темата. Не постојат зборови кои можат да ни помогнат за она што го чувствуваме, времето ќе го направи своето, најважно е да спијат добро и да размислуваат за следната цел. Утре првпат ќе бидеме повторно заедно и ќе зборуваме за тоа кои сме како тим и што направивме во полуфиналето. Ова е еден од моментите кога сум посебно горд на клубот и нашата организација, – рекол Гвардиола.
Шпанскиот тренер повторно морал да го коментира и големиот пресврт на Реал Мадрид.
– Играте со емоции и мора да ги контролирате. Во тие моменти емоциите го фаворизираа Реал Мадрид, кога водевме 3:1 на првиот натпревар, Реал беше паднат, ние игравме одлично. Една минута подоцна беше 3:2, тоа е моментум, фудбалот во ова натпреварување е искористување на моментумот. Во Премиер лигата има следен натпревар, овде нема, се се случува брзо, Реал заслужи да игра во финалето бидејќи ние не се браневме добро, посебно за првиот гол на Родриго. Никогаш не се жалам за работите, секогаш можеме подобро, – изјавил Гвардиола.
-
Шпанијапред 18 часа
Огромна промена: Реал Мадрид го замени главниот спонзор со уште поголем гигант
-
Италијапред 23 часа
Игуаин за проблемот во Италија: Јувентус ангажираше фотограф за мојата тежина
-
Англијапред 20 часа
Кепа го избра најдобриот светски голман и испофали еден досегашен соиграч: Реал доби огромно засилување
-
Францијапред 23 часа
ПСЖ го активира планот Б откако остана без примарната трансфер цел
-
Англијапред 10 часа
Синклер: Постојат три причини за заминувањето на Мане од Ливерпул, главната е Клоп
-
Светпред 24 часа
„АС“: Роналдо се премислил и сака да си оди од Јунајтед, се отвора можност за сензационален трансфер
-
Италијапред 18 часа
Канаваро со бомбастичен трансфер предлог до Наполи: Ако бев на местото на Де Лаурентис……
-
Шпанијапред 17 часа
Барселона не го заборави Меси и го поздрави со едно специјално ремек-дело (Видео)