Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола откри зошто Марез го загуби првотимскиот статус во Сити

Објавено

на

Ријад Марез не е во прв план кај Пеп Гвардиола во оваа сезона и најдобар доказ за тоа е што од месец август има забележано само еден старт и тоа во пресметката со Кристал Палас.

Офанзивецот добива минути, ама од клупата што секако е сценарио кое тој не го посакува, меѓутоа резултатите на „граѓаните“ се одлични, па Гвардиола го посоветува Алжирецот што треба да направи за да одново биде стандарден првотимец.

-Тоа го знае. Совршено го познавам Ријад. Ни треба тој да се врати на најдоброто и кога е најдобар – личност, способност, квалитет, љубов кон играта. Чекор по чекор ќе се врати. Сега не игра многу, но мора да се врати во подобра физичка кондиција. Кога е во прашање останаттот не можам ништо да го научам – тој е премногу добар, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни