Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола откри што го радува најмногу во победата над Челси

Објавено

на

Манчестер Сити успеа да издоминира на дербито со Челси и заслужено триумфираше на најинтересниот натпревар во Премиер лигата овој викенд.

Менаџерот Пеп Гвардиола го истакна колективот, односно борбеноста каков главен предуслов за овој резултат.

– Денеска игравме еден за друг, трчавме и додававме еден за друг. Момците ме направија горд на стадионот на екипата која победи во Лигата на шампионите.

– Ова се само три бода, но задоволен сум од начинот на кој игравме. Понекогаш зборуваме дека ни недостасува напаѓач, но сепак најважен е начинот на игра и тоа да се прави како тим.

– Победата против Челси е одличен начин да ја започнеме фасцинантната недела која не очекува, – изјавил Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни