Англија
Гвардиола откри кој ќе биде следниот предизвик по крајот на приказната со Сити
Пеп Гвардиола од 2016 година е на кормилото на премиерлигашот Манчестер Сити со кого неодамна потпиша нов договор според кој ќе треба да остане на „Итихад“ најмалку до 2027 година.
Дали Шпанецот навистина ќе остане во Сити уште две сезони останува да видиме затоа што во фудбалот работите се менуваат, а клубот од Манчестер е пред сериозни предизвици, резултатската криза низ која минува периодов, а тука е и одлуката која ќе биде донесана за обвинувањата за прекршување на финансискиот фер плеј, поточно казната која може да биде голема за „граѓаните“.
Гвардиола во повеќе наврати има порачано дека нема да го остави клубот, па дури и да биде испратен во понизок ранг. Какви потези би се повлекле при евентуална драстична санкција на Сити ќе покаже времето, но она што е јасно е дека Пеп нема да остане во клупскиот фудбал откако ќе ја заврши актуелнава приказна.
-Нема да водам друг клуб по Сити. Не зборувам за долгорочна иднина, но она што нема да го направам е да заминам, да одам во друга земја, да го правам истото како сега. Можеби репрезентација, но тоа е поинаку, -обелоденил трофејниот стратег.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Репрезентација14 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија15 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…