Шпанија
Гвардиола откри каква е состојбата со Де Брујне и порача: Имаме мала предност пред дербито со Арсенал
Пеп Гвардиола денеска се појави пред новинарите и го најави големото англиско дерби кое се игра во недела, пресметка која е убедливо најинтересна во Премиер лигата во последните две-три сезони.
Манчестер Сити и Арсенал се издвоија како екипи кои водат битка за титулата до самиот финиш, а бидејќи се очекува слично сценарио и оваа година, натпреварот кој се игра во месец септември предизвикува огромно внимание, без разлика што има уште многу за игра до крајот на сезоната.
Актуелниот шампион ќе биде домаќин на „Итихад“ и ќе се обиде да ја зголеми предноста на табелата, додека свои пресметки сигурно има и Арсенал, кој за разлика од лани кога се задоволи со бод, сега нема зошто да не брка победа.
Пред дербито, Гвардиола говореше за здравствената состојба на Де Брујне и Мартин Одегард, изјави дека Белгиецот ќе биде неизвесен до последен момент, но и призна дека Сити влегува со блага предност на неделниот меч.
– Кевин се чувствува подобро од вчера, но се уште не е сигурно. Утре имаме уште еден завршен тренинг и ќе донесеме одлука. Најверојатно ќе биде дел од дербито, – најави Пеп, па се осврна на потешко повредениот ривал и капитен на Арсенал.
– Навистина ми е жал за него, секогаш сакам да играм против најдобрите играчи кои противникот ги има на располагање. Одегард е капитен на Арсенал и сите знаеме колку е важен за нив. Сепак, Арсенал сега има многу поширок состав и имаат ресурси и без него на теренот, – додаде Шпанецот, кој доби директно новинарско прашање за тоа дали Сити има предност поради фактот што имаше ден повеќе за подготовка на дербито.
– Секако дека тоа е мала предност, но можам да ви составам листа од ситуации кога било поинаку. Безброј пати во изминативе шест години сме биле во подредена улога во тој поглед, сме имале помалку денови за подготовка. Секако дека имаме мала предност пред дербито, но ќе видиме дали тоа ќе значи нешто на теренот, – заклучи Шпанецот.
-
Евролига23 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија24 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Лига на нации14 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан15 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Лига на нации10 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Шпанија18 часа
Барселона се уште исполнува финансиски обврски кон Меси, Алба и Бускетс
-
Англија21 час
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП