Гвардиола откри каков искрен одговор добил од Симеоне кога му ги објаснувал своите тактички методи

pep-colo2

Шпанската телевизија „Мовистар плус“ изминатава ноќ го објави цело видео со Пеп Гвардиола, а од истото ни пристигнуваат навистина голем број интересни изјави и анегдоти, поради што навистина тешко е да се издвои само едно нешто како најважно.

Актуелниот менаџер на Манчестер Сити говори за своите играчи денови, за влијанието кое го имал Кројф врз него, за своите почетоци како тренер, но откри и една анегдота поврзана за еден од најуспешните тренери во Шпанија во последните неколку години, Диего Симеоне.

Пеп ја започна својата тренерска кариера пред Аргентинецот, а со оглед на тоа што стојат навистина добро и се почитуваат меѓусебно, одлучи да обелодени една приказна од нивните почетоци во тренерските води. При една средба во „Ла Масија“, Пеп се обидувал да му ги објасни на Чоло сите свои тактички методи, а искрениот Аргентинец му порачал дека не е воопшто импресиониран и дека тоа не е неговиот стил.

– Чоло ме воодушеви, зборувавме за фудбалот и јас му ги објаснував своите методи. Му објаснував, едно, па друго, а потоа ме прекина и ми порача „Ова мене не ми се допаѓа, едноставно не е за мене“. Тогаш си реков дека тоа е многу добро, таков треба да биде фудбалот, секој треба да биде оригинален на свој начин, – открива Пеп.

Facebook Коментари