Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола откри како изреагирал Халанд откако завршил втор во изборот за „Златна топка“

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити втора година по ред беше избран за најдобар светски тим на гала вечерта која се одржа во Париз, но „Златната топка“ заврши во рацете на Лионел Меси, а не кај главната ѕвезда на европскиот шампион, Ерлинг Халанд.

Според многумина, одлуката на „Франс Фудбал“ беше неправедна кон голгетерот кој ги урна сите рекорди во Премиер лигата минатата сезона, а за разлика од обично, во доста непријатна ситуација беше ставен и Пеп Гвардиола.

Шпанецот за првпат не беше убеден дека наградата треба да заврши во рацете на Лионел Меси, но сега вели дека Халанд многу добро го прифатил второто место и не видел никаква нерасположеност кај него по враќањето од француската престолнина.

– Халанд беше среќен кога се врати и му беше мило што беше блиску во изборот до Меси и Мбапе. Тоа беше добра ноќ за Манчестер Сити како клуб. Честитки до Меси и до сите кои освоија награди. За нас, најважно беше што Манчестер Сити беше најдобар како клуб, бидејќи сите знаеме дека не сме биле често од таков настан.

– Бевме најважни на клупски план, а Халанд ја има цела кариера пред себе за да се предизвикува и да верува дека следниот пат ќе биде уште подобар. Беше навистина многу добро расположен кога се врати и навистина ми е мило за тоа, – изјави Гвардиола денеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни