Англија
Гвардиола одговори на критиките на Кин: Немам намера да правам спектакли за публиката

Пеп Гвардиола морал да го објаснува својот потег од дербито со Манчестер Јунајтед, за кој доби обвинување од Рој Кин дека бил „класично шоу за публиката и тв гледачите“.
Ерлинг Халанд по натпреварот на кој постигна два гола имаше разговор со тренерот на теренот, ситуација која според Кин била сосема непотребна.
-Таа комуникација по натпреварот беше шоу, луѓето денес прават се за шоу. Тој разговор можете да го направите во соблекувалната. Не гледам проблем тоа да се направи на тој начин.
-Халанд постигна убав гол со глава, но за тоа нема потреба да се зборува пет минути на теренот. Одете во тунелот или во соблекувалната и таму прославете ја победата, -порача легендата на „црвените ѓаволи“.
Гвардиола вели дека нема намера никого дополнително да забавува и да му приредува шоу.
– На моја возраст немам потреба да правам нешто дополнително за публиката. Го почитувам многу Рој Кин. Понекогаш одам во соблекувалната кога ќе заврши натпреварот, некогаш останувам на терен, иако знам дека камерите снимаат додека разговарам со фудбалерите.
– Зборувавме за вториот гол, како и за одбраната на Онана, ударот со глава требаше да биде посилен за да заврши во мрежата. Тоа се случи со Ерлинг и против Барнли. Не разговарам со моите играчи за да правам спектакли, – рекол Гвардиола.
-
Англијапред 9 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 9 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Италијапред 21 час
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 10 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 12 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат