Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола објаснил зошто Халанд не импресионираше на дуелот со Реал

Објавено

на

Фото: twitter.com/ManCity

Манчестер Сити наскоро ќе го игра реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а важен ефект на конечниот епилог ќе има и настапот на Ерлинг Халанд.

Норвешкиот голгетер беше одлично покриен од Антонио Ридигер на првата средба во Мадрид, а Пеп Гвардиола на последната прес-конференција објаснил зошто Германецот имал предност во однос на членот на Сити.

– Комплименти за Ридигер, но да не заборавиме дека Халанд има 22 години и првпат игра во полуфинале на Лигата на шампионите.

– Тешко е да играш на „Бернабеу“ на толку важен натпревар против толку силен тим, но следниот пат за него ќе биде малку полесно.

– За Халанд да добие повеќе шанси да го загрози нивниот гол и другиот дел од екипата треба да одигра на повисоко ниво против Реал, – изјавил Гвардиола.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни