Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола објасни зошто Премиер лигата е потешка за освојување од ЛШ

Објавено

на

Пеп Гвардиола уште една сезона останува без толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите, титула која многумина почнаа да ја сметаат како недостижна за шпанскиот стручњак по новиот колапс на европска сцена.

Шпанецот навистина нема среќа во најелитното натпреварување и откако лани загуби во финалето, оваа сезона доживеа болен пораз од Реал Мадрид во полуфиналето, па единствената утеха треба да ја пронајде во Премиер лигата, каде утре ќе се бори за осигурување на трофејот.

Манчестер Сити е во пол позиција за титулата и со победа над Астон Вила ќе стигне до нов пехар во домашното првенство, кое Пеп вели дека е потешко за освојување од Лигата на шампиони.

– Премиер лигата е потешка за освојување од Лигата на шампионите. Во Премиер лигата има толку многу седмици, толку многу натпревари. Се соочувате со повреди, со добри моменти и лоши моменти, со различни ситуации и различни противници. Наш најголем успех е тоа што цели пет години во низа сме при самиот врв. Се бориме за титулата постојано, со исклучок можеби на сезоната кога Ливерпул беше недопирлив во домашното првенство.

– Не велам дека Лигата на шампионите не е важна. Премногу сакавме да бидеме во финалето во Париз, но за мене, победи на 13-14 натпревари во лигата е потешко од тоа да победите на 6-7 натпревари во Лигата на шампионите, – вели Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни