Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола објасни зошто никогаш нема да биде стручен аналитичар: Не можам…

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Веќе се почесто во светот на фудбалот гледаме познати имиња како стручни аналитичари, експерти кои од свој агол го даваат своето мислење.

Нивните коментари можат да бидат основани, неосновани, брутални, да даваат критики и мислење за одредени ситуации, фудбалери…Знае да се претера, меѓутоа работите се такви какви што во моментов и не секој сака да биде во оваа позиција, а еден од нив е актуелниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

-Мислам дека нема тоа да го правам. Внимателен сум. Не можев да дадам коментар кој би можел да ги повреди моите колеги. Знам колку е тешка оваа работа и не сакам да се преправам седејќи таму. Толку е непредвидливо и многу работи се случуваат. Некого (би можел) да повредам искажаниот став. Можеме да се согласиме и да не се согласуваме. Мојата работа е тука, нивната работа е таму.

-Сакам да го бранам мојот клуб, тоа не е лично. Знам колку е тешко. Претходно бев фудбалер, сега менаџер и нашата работа е толку комплицирана и толку непредвидлива, не сакам да ги повредам моите колеги кои се на позиција. Можеби тоа ќе се случи во иднина – но искрено не верувам -порача Шпанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни