Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола објасни зошто Халанд беше резерва против Астон Вила

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити славеше над Астон Вила со 4-1 во дуел во кој главна ѕвезда беше англискиот репрезентативец Фил Фоуден кој испорача хет-трик.

Ова беше меч во кој тренерот Пеп Гвардиола ги измеша картите, па така играчи како Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујне, плус Џон Стоунс не добија ниту една минута. Тројцата останаа на клупата за резерви, а секако најмногу внимание привлече Халанд со оглед на критиките кои ги доби по дербито со Арсенал, критики во кои најжесток беше Рој Кин кој порача дека изгледа како тим од Лига 2.

Меѓутоа Гвардиола објасни дека не се работи за никаква казна тука за менаџирање на работите со оглед на тешкиот и напорен распоред.

-За два и пол дена имаме уште еден натпревар во 12:30 (13:30 по наше време) [Кристал Палас на гости]. Мислам дека сите врвни тимови имаат голем состав, добар состав и секако ние го имаме. Се одлучивме за овој состав и одиме со тоа, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни