Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола објасни зошто Едерсон остана во Сити: Ова е вистината…

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити можеше лесно во летниот преоден рок да остане без еден од најважните играчи-голманот Едерсон кој беше мета на неколку клубови од Саудиска Арабија.

Ал Наср и Ал Итихад го посакуваа неговиот потпис и во одреден период се чинеше дека само прашање на време е кога Бразилецот ќе си замине од „Итихад“.

И во таборот на Сити беа помирени дека ќе останат без Едерсон, меѓутоа таа операција не се реализираше, а причината според менаџерот Пеп Гвардиола била едноставна, не биле исполнети условите според кои голманот можел да направи трансфер.

-Од првиот ден знаеше дека не сакам да си замине, не сакавме, ама вистината е дека не пристигна вистинска понуда. Вистинска понуда, бидејќи тие даваат понуда, но да да биде за голман, за тимот кој освои четири Премиерлиги по ред, тие имаат вредност, знаете, имаат цена. Во спротивно, тој не може да замине. Ова е вистината, -откри шпанскиот стручњак.

Бразилецот има договор со „граѓаните“ до 30 јуни 2026 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни