Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Ние сме најдобриот тим на светот, неговата повреда не изгледа добро!

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Манчестер Сити со пресврт во второто полувреме дојде до посакуваната победа во дуелот со Евертон, триумф од 3-1 кој му беше повеќе од потребен на актуелниот англиски шампион за да дозволи конкурентите дополнително да се оддалечат на прволигашката табела.

Ова за Сити беше прв меч по освоената светска клупска титула во Саудиска Арабија, па менаџерот Пеп Гвардиола е задоволен во кој правец се движат работите.

-Ние сме светски шампиони, најдобриот тим на светот. Секој ден ќе ги потсетувам играчите дека се светски шампиони и барам од нив да го задржат стандардот. Се сеќавам кога се враќавме од Саудиска Арабија, ги слушав играчите без да знам и тие почнаа да зборуваат за Евертон. Си реков: „Ова е мојот тим“. И бев горд, -рече Шпанецот кој потоа проговори за повредата на Џон Стоунс.

-Не изгледа добро, ама ќе видиме. Се работи за зглобот, -истакна Пеп кој имаше што да каже и за ѕвездите Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујне кои беа недостапни за настап на „Гудисон Парк“.

-Халанд тренира сам. Тој е се подобар, но сè уште не тренира со тимот. Кевин тренира со тимот. Тој е блиску. Но вчера почувствува замор и мораме да бидеме внимателни. Повредата беше сериозна, така што е чекор по чекор. Но, тој тренира со нас. Тој е толку позитивен. Би сакал да го игра следниот натпревар, но важно е да го одржуваме во форма долго време, -заклучи тренерот на тимот од Манчестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни