Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола нема дилеми: Тој е играч на сезоната

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити го потврди статусот на фаворит и излезе како победник од дуелот со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

„Граѓаните“ имаа контрола на играта од почетокто до крајот, меѓутоа првиот дел го завршија со негатива од 1-0, ама во вториот дел работите се променија, домаќините ги искористија шансите и дојдоа до славје од 3-1 со кое одново му се залепија на лидерот Ливерпул.

-Губевме, но Јунајтед не ни мачеше. Игравме добро и во одбрана и во офанзива. Бевме уште подобри во првото полувреме, иако губевме, -истакна тренерот Пеп Гвардиола кој потоа говореше за Фил Фоуден кој со два гола беше човек на одлука.

-Има многу добри играчи, но мора да се победи. Кога победувате, вие сте светска класа. Што да кажам за тој човек? Тој го сака фудбалот, живее за да го игра, тој е еден од нив. Тој е веќе клупска легенда кога ќе погледнете што постигна за кратко време, тој е млад, а освои толку трофеи и постигна толку многу голови. Се работи за локално момче и затоа има посебна врска со навивачите.

-Тој е играч на сезоната, со сета почит кон сите други неверојатни играчи, но никој не беше толку одлучувачки оваа сезона како тој за нас, -заклучи Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни