Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Нема да се откажам од Сити, ќе продолжам…

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити е непрепознатлив во последните два месеци од оваа 2024 година, месеци во кои влезе во тешка резултатска криза, „дупка“ од која никако да излезе што е ситуација која никој не ја оечкуваше од екипата која е актуелен англиски шампион, тим кој веќе подолго време доминира на островот и воедно е постојано конкурентна за пехарот во Лигата на шампионите.

Меѓутоа реалноста е таа која е и менаџерот Пеп Гвардиола се обидува да пронајде решение, да го врати составот и покрај сите проблеми со играчкиот кадар како повредени, болни играчи, но тоа е што е и се бараат подобри резултати, победи почнувајќи од утрешниот меч со Лестер на „Кинг Пауер“.

-Да ќе се обидувам, ќе продолжам. Понекогаш мислите дека ќе биде порано или полесно да го поправите, другпат пак е потребно повеќе време. Јас нема да се откажам. Сакам да бидам тука, сакам да го направам тоа и со ситуацијата што ја имаме морам да го сторам тоа. Сега одиме во Лестер, место каде отсекогаш било тешко да се добијат добри резултати, а со играчите што ги имаме на располагање, тоа е она што ќе го пробам, -вели Шпанецот.

-Најголемиот тест е да се вратиме повторно – тоа веќе се случи, ние го направивме тоа порано. Тоа ве тера да се сетите колку добро беше минатото, тоа е вистината. Ова ве тера да сфатите колку беше добро тоа што го направивме во минатото. Понекогаш имате повреди. Колку години бевме неверојатно константни, но сега одиме надолу, а главната причина се повредите на толку многу важни играчи.

-Го видов тимскиот дух [против Евертон], како трениравме, колку се фокусирани, како се обидуваат да вежбаат. Го видовме тоа, но за жал не можевме да го добиеме резултатот. Се разбира, јас го сакам тоа, сите го сакаат. Не сакам да ги разочарам моите луѓе во однос на клубот, навивачите, луѓето кои го сакаат ова место, -додаде предводникот на „граѓаните“ за кого утрешниот меч ќе биде 500. на клупата на составот од Манчестер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни