Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Нема да го напуштам Сити дури и ако сме во Лига 1

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити го очекува дербито со Ливерпул во Премиер лигата, а во пресрет на истото менаџерот Пеп Гвардиола освен за истото говореше и казната која „граѓаните“ можат да ја добијат поради прекршување на правилата за финансиски фер плеј.

Евертон веќе беше санкциониран и остана без десет бодови, додека случајот на актуелниот првак е далеку покомплициран и казната може да биде далеку повисока, поголема.

-Во моментов сме невини додека не се докаже дека сме виновни. Знам дека луѓето тоа фо сакаат. Знам, го чувствувам. Ќе чекам. Почекајте и видете и откако ќе биде донесена одлука ќе дојдеме овде и ќе ви објасниме. Но, апсолутно нема да размислувам за мојата иднина (ако) зависи да бидам овде или да бидам во Лига 1. Апсолутно. Има повеќе шанси да останем ако сме во Лига 1 отколку ако сме во Лигата на шампионите.

-Луѓето велат „зошто Евертон е казнет со 10 бода, зошто е Сити таму? Тоа се два различни случаи. Не е исто. Искрено зборував со моите луѓе и тие рекоа дека е сосема поинаку. Во ред другиот е подолг затоа што е покомплициран затоа што има 115 прекршувања. Затоа почекајте. Потоа кога адвокатите од двете страни ќе ги претстават своите предмети пред на судијата и има пресуда можете да ми го поставите прашањето, -порача шпанскиот стратег.

Дербито Сити-Ливерпул се игра утре од 13:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни