Гвардиола не штедеше комплименти за играчот кој прави разлика на теренот: Тој многу ни недостастуваше минатата сезона

pep-bazel

Пеп Гвардиола е познат по тоа што никогаш не штеди комплименти за своите фудбалери кога истите ќе му одговорат со феноменални настапи на фудбалските терени, а ако во досегашниот тек на сезоната изнаслушавме позитивни коментари за Де Брујн, Давид Силва, Отаменди и Агуеро, сега на ред дојде неуморниот играч за врска.

Илкај Гундоган имаше нова спектакуларна партија на гостувањето во Базел и еднсотавно одигра перфектно на средината на теренот, а своето незаборавно издани го зачини и со два од вкупно четирите гола кои ги постигнаа гостите од Манчестер.

Со оваа победа, Сити речиси е сигурен патник во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а Гвардиола по средбата не заборави да го возвиши името на Илкај Гундоган кој имаше толку многу проблеми со повредите во измиантиве години.

– Илкај е извонреден играч. Минатата сезона тој многу ни недостасуваше, цели шест месеци не можевме да сметаме на него. Поради сето она што го мина, сите сме презадоволни од перформансите кои ги прикажа, а тоа не се однесува само на головите. Квалитетот кој го поседува е неверојатен, едноставно одигра фантастично, – порача Гвардиола во микс-зоната по триуфот од 0:4.

Facebook Коментари