Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола не се залетува: Уште се мачиме…

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити оствари убедлив триумф над Вест Хем од 4-1 во денешниот меч во Премиер лигата со што на најдобар можен начин ја отвори 2025 година.

„Граѓаните“ упатија помалку удари од противникот, но ги користеа шансите и дојдоа до десеттото славје во кампањата, второ во низа со што логично е да се постави прашањето дали Сити се враќа во посакуваниот ритам и форма.

Менаџерот Пеп Гвардиола не го дели тоа мислење и посочи дека се уште имаат проблеми, но овие победи носат радост и самодоверба.

-Не. Поубаво е да се победи, но сепак не сме такви какви што бевме поради различни причини. Резултатот ќе помогне. Се мачиме, но ова е олеснување, -вели Пеп кој смета дека помага тоа што се подобри пред противничкиот гол.

-Апсолутно. Имавме среќа со првиот гол, тие беа подобри во првите минути можеше да биде нула еден или нула два. Вториот гол ни помогна, тоа беше неверојатен гол, но се уште не сме како што бевме, -додаде Шпанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни