Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола не се согласува со самокритичниот Грилиш

Објавено

на

Пеп Гвардиола има поинаков став од Џек Грилиш во однос на првите месеци на англискиот репрезентативец како член на Манчестер Сити.

Во пресрет на дуелот со неговиот поранешен клуб Астон Вила, Грилиш истакнал дека ја чувствува тежината на адаптирањето во новата средина и дека не е премногу задоволен од својата форма.

Но, Гвардиола не се сложува со Грилиш.

– Мое мислење е дека досега одигра многу подобро од што мисли.

– Веројатно во Астон Вила имаше поголема слобода, па сега во Сити не е толку конкретен во завршницата на акциите. Претпоставувам дека се работи и за респект кон соиграчите, сепак се најде и во ново опкружување и потребно е време да се пронајде себеси целосно.

– Сите фудбалери имаат одредени проблеми првата сезона, но нему ќе му биде лесно поради квалитетите со кои располага, – изјавил Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни