Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола не се предава: Постои само една солуција за нашиот проблем

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола засега не изгледа како човек кој има решение за големите проблеми кои владеат во актуелниот англиски шампион, но и покрај новиот тежок удар кој го заработи, Шпанецот не планира да се предаде и да покаже бело знаменце.

Поразот од Астон Вила од 2:1 е деветти на последните 12 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања, па така тимот кој важеше апсолутен фаворит за титулата во Премиер лигата, сега е шестопласиран на табелата и далеку од битката за врвот.

Фановите на Манчестер Сити веќе се помирија дека нивниот тим овојпат нема да го освои трофејот во домашното првенство, но главен проблем за решавање е актуелната форма, која во овој момент делува и повеќе од загрижувачка.

Единствената победа на последните 12 натпревари беше онаа над Нотингем Форест, но и покрај се, Гвардиола верува дека ќе изнајде решение за оваа криза, и тоа во моментот кога ќе успее да го комплетира својот најдобар тим.

– Астон Вила е многу добар тим, добри се во блок играта и знаеја како да ни наштетат. Имавме добри моменти како тим, бевме подобри од мечот со Јунајтед, но во второто полувреме се повлековме и не вршевме ист пресинг како со Стоунс на теренот.

– Очигледно е дека се мачиме и постои само едно решение за нас. Потребно е да ни се вратат најдобрите играчи во тимот. Имаме само еден стопер на располагање, денеска се повреди и Стоунс, па во такви околности е тешко да имате успех. Јас се уште верувам во овие момци, тие имаат голема гордост и го сакаат само најдоброто за тимот. Ќе пронајдеме начин да се вратиме, порано или подоцна ќе се случи тоа, – сигурен е Пеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни