Англија
Гвардиола не очекувал ваква пауза: Моите проценки излегоа погрешни

Пеп Гвардиола не очајуваше за испуштената дерби победа над Челси во судиското продолжение и беше полн со пофалби за ривалот од „Стемфорд Бриџ“, кој вчера се погрижи за еден фајтерски меч во кој двата тима не размислуваа на одбрана и постојано го напаѓаа противничкиот гол.
Натпреварот заврши 4:4 и освоениот бод значеше дека Манчестер Сити се враќа на врвот на табелата, а тоа е веста која посебно го изненадила и Шпанецот на клупата на европскиот шампион.
Гвардиола откри дека не очекувал неговиот тим да биде прв на оваа репрезентативна пауза која следи, особено не по поразот од Арсенал во дербито кое се одигра минатиот месец.
– Челси е многу опасен тим и имаат навистина многу, многу добри играчи. Ливерпул не победи на теренот на Челси, Арсенал исто така не победи. Арсенал беше надигран, но успеа да извлече бод на крајот.
– Ова е Челси, еден од најуспешните клубови во Англија во последните 20 години. Луѓето не ми веруваа, но овој Челси направи инвестиција за неколку години. Ќе бидат се подобри и подобри, имаат физички предиспозиции, имаат талент, имаат брзина, имаат добра клупа. Имаат многу добри работи. Најважно од се е што одиме на репрезентативна пауза како лидери на табелата. Не очекував вакво нешто по поразот од Арсенал. Моите проценки излегоа погрешни, не очекував дека ќе бидеме први после тој пораз. Први сме на табелата и се пласиравме во осминафиналето во Лигата на шампионите, тоа е навистина многу добро. Сега треба да одмориме и да се надеваме дека сите ќе се вратат здрави. Потоа ни следи навистина многу тежок период на натпревари, – изјави Гвардиола.
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 22 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)