Англија
Гвардиола: Не купувавме играчи поради страв од трансфер ембарго

Манчестер Сити донесе четири нови фудбалери во зимскиот преоден рок и сериозно ги освежи своите редови во пресрет на завршницата на сезоната, а Пеп Гвардиола тврди дека единствената причина за оваа офанзива се големиот број повредени играчи во ростерот.
Новинарите прашале дали Сити решил да инвестира толку во јануари поради страв дека ќе биде казнет со трансфер ембарго поради прекршување на финансискиот фер плеј во случајот кој е пред одлука на независната комисија.
– Не се сложувам со ова, но луѓето секако нема да веруваат, знам дека секогаш луѓето ќе зборуваат дека сме во повластена позиција како богат клуб.
– Но, последните пет години, ние сме на последното место меѓу Топ 6 екипите во однос на потрошените пари за трансфери.
– Дури и после она што го потрошивме овој преоден рок, ние сме зад Челси, Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, па и Ливерпул. Причината е што продадовме многу играчи последните години, – рекол Гвардиола.
Сити потроши 175 милиони фунти за нови фудбалери во јануари, а тоа е втора најголема сума зад Челси (275 милиони фунти во 2023 година) во овој преоден рок.
-
Формула 117 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија16 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Европски првенства12 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)