Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола не го потценува Јунајтед: Имаат само еден пораз…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити е домаќин на Манчестер Јунајтед во мечот кој ќе ја одбележи 27. рунда во Премиер лигата.

Дуелот се игра на „Итихад“ во недела, а во истиот домаќинот ќе го има статусот на фаворит со оглед на пласманот на табелата, но и поради се што прави во изминативе години.

Сепак дерби си е дерби и менаџерот Пеп Гвардиола нема намера да го потцени противнико кој има само еден пораз во 2024 година.

-Тие отидоа во Лутон и ги победија, го совладаа и Вулверхемптон, Астон Вила ја добија пред пред неколку недели. Имаат најголем квалитет.

-Од една акција создаваат нешто посебно од прекини, транзиции. Секогаш многу се барало од нив, кога играат добро, тие триумфираат. Во 2024 загубија само еден натпревар, константноста е тука. Ќе се подготвиме тактички што треба да направиме за да освоиме три бода, -истакна Пеп.

Шпанецот имаше што да каже и за доаѓањето на Џим Ретклиф и новата енергија кај соседот од Манчестер.

-Големи клубови, мора да победуваат. Не е лесно за Јунајтед, неверојатен период со Сер Алекс. Не е лесно. Големите клубови порано имаа повеќе трпение, сега има голем притисок. Не ја знам причината зошто, не сум таму, -истакна предводникот на „граѓаните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни