Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола направи шоу и посочи зошто Халанд не смее да се критикува: Врвните напаѓачи…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити дојде до посакуваните три бода против Брентфорд во заостанатиот меч од 18. коло во Премиер лигата.

„Граѓаните“ одново имаа проблеми да го матираат ривалот, ама беа упорни и со голот на Ерлинг Халанд во 71 минута се изборија за славје со кое го минаа Арсенал на табелата, односно сега имаат само бод помалку од актуелниот лидер Ливерпул.

Халанд ја искористи најдобрата шанса, Сити се проби на второто место на табелата (Видео)

Менаџерот Пеп Гвардиола беше среќен што беше освоен целиот плен, па направи и шоу со новинарите и посочи зошто никогаш не треба да биде критикуван врвен напаѓач како што е Халанд, играч кој немаше свој ден минатиот викенд против Челси.

-Кога бев млад, не бев новинар, но еден стар пријател ми рече: „Најдобрите стрелци постигнуваат многу голови, не ги критикувајте, тој ќе ви ја затвори устата. Порано или подоцна тој е таму. Беше надвор два месеци, ја загуби својата баба, не е лесно за човек. Ако треба да изберам еден играч [да добие шанса], би го избрал него, -истакна Пеп кој запрашан за тоа зошто никогаш не сакал да биде новинар, одговорот му беше во негов стил.

-Јас сум менаџер. Мојот живот е подобар од твојот. Но, ништо лично со тебе, -заврши предводникот на „граѓаните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни