Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола најави дека Сити ќе се засилува во јануари по разочарувачкото реми со Евертон

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити никако да излезе на вистински пат по големата резултатска криза во која западна, па повеќе од јасно е дека избраниците на Пеп Гвардиола полека се соочуваат и со психолошки проблеми за време на натпреварите.

Актуелниот шампион не искористи доста шанси за гол во извонредното прво полувреме против Евертон, потоа не реализираше и пенал преку Ерлинг Халанд, па на крајот мораше да се задоволи со реми кое секако не спречува нов пад на табелата во Премиер лигата.

Конечните 1:1 секако не го задоволија вкусот на Пеп Гвардиола, но Шпанецот се радува поради фактот што неговиот тим денеска покажал подобри симптоми од претходните натпревари.

– Резултатот не е тој што го посакувавме, но ако ме прашате за перформансите, мислам дека бевме навистина добри. Кога играме лошо, јас сум првиот кој го потенцирам тоа на прес-конференцијата, признавам дека противникот бил подобар. Денеска не беше така, бевме подобри од нив, не заборавајте дека игравме против топ тим кој е специјалист за сочувување на својата мрежа. Имавме голем број шанси, но во фудбалот се важат победите. Во фудбалот треба да постигнете гол повеќе, тоа го правевме секој пат изминативе сезони, но тоа не ни успева последниве месеци, – изјави Гвардиола, кој призна дека е отворен за нови засилување уште во месец јануари.

– Трансфер пазарот во јануари не е лесен за никого, но и самите играчи се свесни дека мора да добиеме засилувања и да добиеме освежување. Потребни ни се играчи за наредните три, четири, или пет години. Ќе се обидеме да донесеме некого, бидејќи веќе не можеме да издржиме толку долго со многу повредени фудбалери, – додава Пеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни