Англија
Гвардиола нагласи дека неговите играчи ќе таргетираат еден играч на Јунајтед пред големото дерби на „Итихад“
Ова неделно попладне ќе биде навистина раздвижено и тензично во Манчестер, од едноставна причина што силите на „Итихад“ ќе ги одмерат големите ривали Сити и Јунајтед.
Доминацијата на „граѓаните“ во Премиер лигата донесе голема промена во градот Манчестер во последните десетина години, па сега Сити влегува како голем фаворит за победа во овој дуел, пред кој Пеп Гвардиола како предводник на актуелниот европски првак нагласи дека посебно внимание ќе обрне на Бруно Фернандеш.
Ерик Тен Хаг нема да може да смета на Хојлунд кој навистина беше разигран пред да се повреди, па Гвардиола е убеден дека главен играч за неутрализирање треба да биде Португалецот.
– Бруно е извонреден фудбалер. Специјално ме импресионира константноста која ја прикажува на секој меч и во секое натпреварување. Навистина многу го почитувам поради тоа, тој е човек кој кога ја има топката во нозе, секогаш може да се случи нешто на теренот.
– Тој е многу важен играч за Јунајтед и секако дека посебно ќе внимаваме на него, секогаш мора да биде така. Тој секогаш може да креира за неговиот тим и мора да го пазиме, – изјави Гвардиола.
-
Шпанија20 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија18 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија21 час
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија17 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија22 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација22 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија18 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот