Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола наброја тројца играчи на Вест Хем кои можат да ја расипат шампионската забава на Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити го преживеа гостувањето во Северен Лондон и според многимина оствари победа која ќе им донесе нова титула, но така не мисли и Пеп Гвардиола кој сега е само насочен кон она што следи, односно последната пречка во Премиер лигата.

Познавајќи ја историјата и целата тензија која ја носи секој завршен меч во една сезона, Гвардиола е уверен дека неговиот тим го чека нова тешка задача против Вест Хем, без оглед на тоа што на натпреварот во недела ќе имаат голема поддршка од своите навивачи.

Манчестер Сити се доведе во ситуација да зависи сам од себе со триумфот кој го оствари кај Тотенхем со резултат 0:2, натпревар на кој „граѓаните“ го оставрија првиот триумф на овој терен по пауза од четири меча.

– Ова беше многу тежок меч за нас. Знаевме дека ќе биде така, знаевме дека ќе внесат голем интензитет и дека ќе играат со гордост. Тотенхем ќе биде неверојатен тим во иднина ако се држи до овој менаџер, а ние со оваа победа си дадовме шанса и имаме се во свои раце за последниот меч. Како што велат тенисерите „ќе сервираме за победа на Вимблдон“! Последниот меч е оној најтешкиот.

– Сме биле во таква ситуација, игравме последен меч против Астон Вила и беше многу тешко, а многу години претходно, сите знаеме што направи Агуеро против КПР. Очекувам тежок и типичен меч за последното коло. Ќе има многу тензија, а тие можат да ни ја расипат забавата со Антонио, Боуен и Ворд Праус. Во моментов сум мирен, но истовремено и мислам на тие тројца играчи, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни