Англија
Гвардиола на тема зимски засилувања: Цел месец ќе ме прашувате истото…
Манчестер Сити е клуб кој се очекува да биде активен во овој зимскиот преоден рок, односно составот да биде освежен, засилен со неколку нови имиња по турбулентниот период.
Актуелниот англиски шампион мерка тројца фудбалери, поточно како цели се поставени Абдукодир Хусанов од Ланс, Витор Рејс од Палмеирас и Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт. Кај сите тројца постои желба да се преселат на „Итихад“, меѓутоа „граѓаните“ ќе треба да се договорат со нивните клубови.
Сосема очекувано медиумите, новинарите бараат повеќе информации, вести на оваа тема од менаџерот Пеп Гвардиола кој пак им даде директен одговор.
-Цел месец ќе го прашувате истото за сите со кои сме поврзани во медиумите, затоа нема да зборувам. Можете да инсистирате, нема да одговорам затоа што не ја знам ситуацијата. Знаеме дека не треба да одиме во преоден рок, не ми се допаѓа многу. Ситуацијата што се случи оваа сезона со многу, многу, многу повреди, мора да се обидеме да го направиме тоа бидејќи ситуацијата е таква каква што е. Но, што ќе се случи, нема да зборувам бидејќи не знам.
-Секако дека имам разговори со клубот, но процесот и она што се случува, не знам што ќе се случи бидејќи е многу тешко. И тоа што ќе се случи ќе се случи, инаку не можам да кажам ништо друго, -истакна Гвардиола кој беше притиснат од медиумите за можниот ангажман на Мармуш.
-Слушај, не бев јасен во мојот одговор? Ајде. Бев јасен во одговорот – нема да зборувам. Тој е играч од друг клуб, нема да дадам одговор. Можете да кажете на секоја прес-конференција да зборуваме за преодниот рок до крајот, нема да одговорам на едно прашање. Не се движите во тој правец, -порача Шпанецот.
-
Англија10 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија16 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија17 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија12 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација6 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија3 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
НБА15 часа
Морант со две лудории во низа донесе драматична победа за Мемфис (Видео)