Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола му се поклони на Италијанецот кој го промени фудбалот: Сите тренери ги проучувале неговите методи

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола важи за тренер кој донесе вистинска револуција во модерниот фудбал и примени фудбал кој изгледаше како „продолжена рака“ на филозофијата која ја наметна Јохан Кројф, но шпанскиот стручњак открива дека легендарниот Холанѓанец не бил негова единствена инспирација.

Во ексклузивното интервју за „Газета дело спор“, актуелниот менаџер на Манчестер Сити посебно му се поклонува на неповторливиот италијански стручњак, човекот кој направи вистинска сензација и кој засекогаш го промени фудбалот на чизмата.

Секако, станува збор за Ариго Саки, прославениот тренер на Милан кој реши да ги остави зад себе застарените италијански методи посветени на „катеначо“, максимално форсирајќи атрактивен и офанзивен фудбал со кој испиша историја на стариот континент.

– Првпат го видов Ариго Саки во 1987-ма година, тогаш бев дете кое беше дел од академијата на Барселона, а Милан беше во Каталонија за да одигра меч со Еспањол. Малкумина беа запознаени со италијанскиот фудбал во тоа време, не се ни гледаше фудбал на телевизија како што е тоа случај денеска. Никој не можеше да претпостави дека Милан, тимот кој загуби од Еспањол ќе го освои Скудетото истата сезона. Но, едно е јасно, секој фан на Барселона го сакаше Ариго наредната година, кога неговиот Милан го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите со 5:0. Можете да замислите каква беше радоста во Барселона по натпреварот на „Сан Сиро“. Шлаг на тортата за Милан беше подигнување на европскиот трофеј на „Камп Ноу“ истата сезона.

– Се додека не се појави Ариго Саки, генералната идеја во фудбалот беш јасна. Сите во одбрана и само Господ во напад. Затоа Ариго беше контра-културен и необичен. Неговиот фудбал беше атрактивен и победнички. Навистина посакував подолго да биде дел од фудбалот, сите тренери ги проучувале неговиот методи. Во тој збир сум и јас, а кога се случува такво нешто, тоа значи дека сте направиле нешто посебно. Тој донесе иновантивен систем и фудбал, – вели Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни