Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола му понудил асистентска улога на поранешен член на Сити

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола испратил лична покана до поранешен фудбалер на Манчестер Сити, да му се приклучи во стручниот штаб на премиерлигашот и работи заедно со него на почетокот на тренерската кариера.

Се работи за Фернандињо, поранешниот бразилски фудбалер кој пристигна во Сити во 2013 година и беше еден од клучните играчи во освојувањето голем број трофеи на екипата од „Итихад“.

Во меѓувреме Фернандињо се врати во татковината, каде кратко настапуваше за Атлетико Параненсе и таму ја заврши кариерата, по која очигледно планира да се испроба и во тренерските води.

На почетокот на годинава, Фернандињо веќе обезбедил соодветна лиценца од ФИФА за да може да почне со работа во професионален клуб, нешто што во Сити го препознаваат како можност за понуда за соработка со Бразилецот.

Гвардиола инсистирал, а спортскиот директор Чики Бегиристајн испорачал официјална понуда до Фернандињо да му стане асистент на Пеп, а останува да се види дали Бразилецот ќе реши да се врати со семејството во Манчестер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни