Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола му најде забелешка на Халанд: Тоа што го кажа не ми се допаѓа

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола се пошегува по крајот на дербито и истакна дека е незадоволен од Ерлинг Халанд поради тоа што побара од него да постигне пет голови, а не три, но дури и во посериозно издание на прес-конференцијата, Шпанецот сепак пронајде сегмент во играта во кој напаѓачот може да се подобри.

Со вчерашниот хет-трик против Јунајтед, Халанд стигна до 14 гола на осум настапи во Премиер лигата и неговите бројки се навистина неверојатни и нестварни, но како фудбалски перфекционист кој бара поголемо влијание од своите фудбалери, Гвардиола сака напаѓачот да има повеќе допири со топката и на други делови од теренот, а не само во шеснаесетникот.

Запрашан дали Халанд е најдобриот напаѓач кој го тренирал и дали би бил стартер во сите негови тимови од минатото, Пеп го даде следниот одговор:

– Тој е еден од неверојатните напаѓачи кои сум ги тренирал. Сепак, тој еднаш кажа дека би сакал да ја допре топката пет пати и да даде пет гола.

– Мене тоа не ми се допаѓа. Сакам да биде вклучен во играта повеќе од тоа што е и сакам да има повеќе допири со топката. Вистина е дека негов најголем квалитет е постигнувањето голови, но сакам да го стекне и тоа чувство кое се добива само со допири на топката. Беше доста вклучен против Јунајтед, но сакам да биде уште повеќе, – вели Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни