Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола му држеше лекции на Грилиш, коментаторот го обвини Шпанецот за циркус (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити испрати само еден удар кон голот на Арсенал и не успеа да направи нешто повеќе во важното дерби на „Итихад“, па јасно е тоа што Пеп Гвардиола не можеше да биде презадоволен од исходот.

Шпанскиот стручњак ќе мора да бара бодови на други натпревари и се надева дека останатите два тима ќе направат некој кикс, но веднаш по крајот на мечот имаше забелешки за одредени движења на своите фудбалери.

Гвардиола посебно му замери на Џек Грилиш кој го загуби стартното место во тимот оваа сезона, па со јасни гестикулации му појаснуваше што требал да прави и како да се движи на теренот.

Ова не е првпат Гвардиола вака да реагира по самиот крај на еден меч, а тоа го изнервира коментаторот на „БеИН Спортс“ кој заклучи дека Шпанецот само прави театар пред камерите.

– Зачувај го ова за соблекувалната, сето ова е само за камерите…. Оди во тунелот, нема ни потреба да биде на теренот…… Очигледно ќе им каже и на сите други што направиле погрешно…., – порача коментаторот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни