Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Можеби еден ден ќе стигнеме до полуфиналето…

Објавено

на

Елиминацијата на Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе го зголеми притисокот врз Пеп Гвардиола, кој никако не успева да го испорача она за што најмногу е доведен во клубот.

Но, не само што Сити никако не може да стигне ниту до полуфиналето, туку шпанскиот тренер повторно го префрли фокусот на следната сезона.

– Еден ден ќе стигнеме до полуфиналето, денеска во првите 20-25 минути не успевавме да најдеме простор во нападот. Мислам дека последниве години момците заслужија да играат во полуфинале, можеби еден ден ќе стигнеме таму.

– Второто полувреме беше добро, бевме присутни на теренот, но во ова натпреварување мора да бидеш перфектен. Направивме многу добри работи, но тоа не беше доволно, направивме грешки во сопствениот шеснаесетник во клучните моменти.

– Разочарани сме, сега одиме на одмор, а потоа ќе треба да ги подигнеме фудбалерите кога ќе се вратат на подготовки, – вели Гвардиола во својата прва изјава по поразот од Лион во Португалија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни