Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола може да си замине од Сити поради две причини

Објавено

на

Фото:twitter.com/ManCity

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола влезе во последната година од договорот од Манчестер Сити и останува неизвесно дали ќе продолжи во актуелнава средина и по крајот на оваа сезона.

Договорот му е со важност до 30 јуни 2025 година и засега како што стојат работите сите опции се во игра. Се очекува работите да бидат појасни како што ќе одминува времето, но се додека не се добие одговор дефинитивно ќе има шпекулации, гласини информации во печатените, електронски медиумите, социјалните мрежи кои се ниебежен дел од секојдневниот живот.

Во меѓувреме човекот кој пишува биографија за Гвардиола, Марти Перарнау имаше разговор за „Манчестер Ивнинг Њуз“ во кој издвои две причини поради кои трофејниот стратег би можел да ги напушти „граѓаните“ по девет години.

-Во основа, тој има совршен клуб поради екосистемот, тој има многу добар однос со играчите и играчите имаат многу енергија и желба повторно да победуваат. Мислам дека има само два фактори: семејството и сопствениот умор по девет години. Можеби семејството ќе каже дека се премногу време во Манчестер и децата се пораснати.

-Тоа може да се случи. Ако тоа не се случи, кој знае. Не велам дека Пеп нема да продолжи, не сум сигурен. Мислам дека ќе одлучи меѓу ноември и февруари, -порачува Марти.

Пеп се задржа многу пократко во Барселона и Баерн Минхен што јасно говори дека во Сити си пронајде средина која му одговара, па останува да се види која ќе биде неговата одлука.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни