Гвардиола: Моравме да загубиме

pep-objasnuva

Манчестер Сити синоќа го претрпе првиот пораз оваа сезона на гостувањето кај Шахтјор Доњецк и на тој начин беше ставен крај на фантастичната серија од 28 последователни натпревари на кои тимот на Пеп Гвардиола немаше забележано неуспех.

Сити загуби со 2:1 на гостувањето кај Шахтјор и му овозможи на украинскиот тим како второпласиран да се најде во нокаут рундата во Лигата на шампионите, но посебно необична беше изјавата која ја даде шпанскиот стручњак по натпреварот, кој како што вели тој, неговиот тим едноставно морал да го загуби.

– Моравме да загубиме, моравме да загубиме еден меч. Ова е добро за клубот, добро за тимот, за мене, за играчите. Јавноста знае да ви ги одвлече мислите кога постојано победувате, а со овој пораз, сега може да заборавиме на тоа. Овој пораз е добредојден, сега ќе може фокусот повторно да биде максимален. Сега имаме голем и тежок испит во недела, големите екипите обично брзо се опоравуваат од поразите. Ќе видиме каков ќе биде нашиот одговор против Јунајтед, – потенцирал Гвардиола.

Facebook Коментари