Англија
Гвардиола: Многу сум среќен што го донесовме

Манчестер Сити го дочекува Јанг Бојс во средбата од 4. коло во групната фаза на Лигата на шампионите, средба на која премиерлигашот е апсолутен фаворит и со победа официјално ќе го реши пласманот во следната фаза.
Тренерот Пеп Гвардиола се надева дека тие ќе успеаат да ја остварат зацртаната цел за да можат потоа да се фокусираат на предизвиците во останатите натпреварувања.
-Се надевам дека ќе ја завршиме работата, тоа многу би ни значело. Мораме тоа да го направиме. Ќе имаме уште две шанси, но многу би ни значело да го направиме тоа веќе со овој натпревар. Тоа би било одлично, -истакна Пеп кој испрати низа на комплименти за летното засилување Јошко Гвардиол.
-Знаевме дека е одлична личност, тоа е она што прво го гледам. Тој може да игра како стопер, а ние одлучуваме да играме со четворица во последната линија, па тој е бек. Неверојатно е колку е отворен за она што го правиме и колку е неверојатно професионален. Навистина сум среќен со него и навистина сум среќен што успеавме да го донесеме, -порача искусниот стратег.
-
Англијапред 23 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Англијапред 20 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Атлетикапред 20 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 19 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)