Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Ми се допадна тоа што го видов кај Халанд, подготвен е да ги удри соиграчите!

Објавено

на

Пеп Гвардиола на посакуван начин ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата, бидејќи неговиот Манчестер Сити победи со 0:2 на незгодното гостување во Лондон.

Вест Хем беше целосно надигран од „граѓаните“ на домашен терен и прими два гола во својата мрежа, а двата беа дело на најголемото и најзвучно засилување во тимот на Гвардиола.

Ерлинг Халанд имаше ѕвездено деби во Премиер лигата и двапати се запиша во листата на стрелците, но имаше и шанси да постигне и трет гол во мрежата на Ареола.

– Не го познавам многу добро Халанд бидејќи заедно работиме само три седмици, или еден месец. Потребно ни е време за да видиме како ќе реагираме на поединечни ситуации. Знам дека се соочи со многу критики минатата седмица, видов како реагираше, беше мирен и продолжи да тренира. Но, начинот на кој ја зема топката денеска пред пеналот, тоа е она што многу ми се допадна. Тој е директен и ако некој му ја побараше топката, подготвен беше да ги удри во лице своите соиграчи. Во тоа сум прилично сигурен.

– Пред една недела не можеше да се адаптира во Премиер лигата и сите го критикуваа, а сега добива споредби со Анри, Жирер и Кристијано Роналдо. Знаеме што добивме, човек кој цел живот дава голови, но сакаме да му помогнеме да се подобри и во некои други аспекти, – им порача Гвардиола на критичарите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни