Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Ме изненади тактиката на Артета

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити успеа да го добие дербито во ФА Купот кое се одигра на „Итихад“ и како пресуден се покажа голот на Аке, кој направи главна разлика на натпреварот против Арсенал.

Двата најдобри тима во Премиер лигата за првпат ги одмерија силите оваа сезона, но пред да дојде до нивните главни пресметки во домашното првнество, како тест се покажа дуелот во ФА Купот.

Манчестер Сити победи со минимални 1:0 и оди во осминафиналето, но Гвардиола не пропушти да признае дека останал изненаден од својот ученик Артета кога е тактиката во прашање.

– Бевме дефинитивно подобар тим во второто полувреме, но и Арсенал направи чекор напред во овој дел од играта. Беше тврд и неизвесен натпревар. Сите видовме дека Арсенал е многу добар тим, но мора да признаам дека останав изненаден. Не очекував тактика „човек на човек“, во такви услови беше тешко да дојдеме до нашата игра. Добро е што победивме и сега одиме во следната рунда, – изјави Гвардиола, кој имаше пофалби за Аке.

– Има одлична сезона и се е со заслуга. Беше одличен и против Арсенал, го чуваше еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, младиот Сака. Имаше периоди кога никогаш не играше, но никогаш не се жалеше. Сега ја добива својата шанса и ја зграби, – порача Пеп за Аке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни