Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Ливерпул е најдобар тим во светот во еден фудбалски елемент, тоа е како цунами!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола беше задоволен од ремито со кое стави крај на своето премиерлигашко поглавје со Јирген Клоп, тренер со кој води битки од Германија, но кои значително станаа поинтересни во Англија.

За жал, заминувањето на Клоп по крајот од сезоната значи дека веќе нема да гледаме нивни битки во Премиер лигата, а во својата опширна анализа на дербито кое заврши 1:1, Пеп не пропушти да подели еден сериозен квалитет кој го отсликува и е јасна карактеристика за тимот на Јирген.

– Пред да примиме гол, одигравме полувреме со голем карактер, а после примениот гол, ни беше многу потешко да ја задржиме топката. Им подаривме пенал, а потоа со нивниот пресинг предизвикавме цунами. Следните 15-20 минути беа како цунами, тие тоа секогаш го прават на нивниот стадион.

– Тие притискаат, тргаат на секоја топка и даваат се од себе. Затоа го ставив Ковачиќ, потребен ни беше уште еден играч кој може да задржи топка. Во првото полувреме не ни беше потребно тоа, но во второто да. Со Ковачиќ, Стоунс, Родри и Фоден успеавме да се стабилизираме и да ја задржиме топката. Имавме свои шанси, тие имаа свои шанси и на крајот заврши така какошто заврши.

– Лесно е да се зборува, но тешко е да ја задржите топката на овој стадион. Тие се најдобар тим во светот во еден фудбалски елемент. Тоа е најдобриот тим кој што сум го видел кога е високиот пресинг во прашање, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни