Англија
Гвардиола: Кој тим во било кој спорт е константен 10 години?
Манчестер Сити минута низ лош период, шест натпревари без победи во кои загуби дури петпати што е доказ дека актуелниот англиски шампион е во криза.
„Граѓаните“ не успеаа да слават ниту против Феенорд каде по 75 минути игра водеа со 3:0 за да викендов го имаат најтешкиот можен предизвик, гостување на „Енфилд Роуд“ кај Ливерпул, тимот кој игра перфектно во ЛШ и фантастично во домашниот шампионат.
Стратегот Пеп Гвардиола знае дека мора да пронајде решение неговиот тим да биде подобар, ама во исто време бара и разбирање затоа што едноставно е природно понекогаш да не оди, да има кризи по толку успеси.
-Во овој фудбалски клуб треба да победуваш и ако тоа не го направиш, ќе бидеш во неволја. Знам дека луѓето велат зошто Пеп не е во неволја, зошто Пеп не е отпуштен? Она што го направивме во последните осум години е зошто ја имам оваа предност. Народот се потпира на мене, хиерархијата, луѓето. Не е нормално во големите клубови да ги имаме резултатите што ги имаме, но мораме да го прифатиме тоа. Што е сигурно е дека сакам да останам. Сакам да го направам тоа. Но, во моментот кога ќе почувствувам дека не сум позитивен за клубот ќе дојде друг. Мора да биде.
-Но, јас сакам можност. Сакам можност да се обидам. Не сакам да трчам. Сакам да бидам таму и да го обновам тимот во многу аспекти од сега па натаму до крајот на сезоната и следната сезона. Сакам да продолжам таму горе. Го побарав тој предизвик и ја побарав оваа можност да го направам затоа што го чувствувам. Знам што сакаме да правиме, знам што ни треба и што треба да направиме, знаејќи во тој момент дека ја немаме таа конзистентност што ја имавме, очигледно, ја немаме во моментов.
-Ама кој тим ширум светот за 10 години е конзистентен? Кажи ми еден. Не постои. Во НБА, ниту во тенис, ниту во некој спорт. Ниту во голф. За една деценија, ние сме тука една деценија. Не го наоѓаме. Да се биде конзистентен како нас, нема да најдете. Жал ми е, нема да најдеме. Не е убаво да се живее, секако дека не е убаво, но што очекуваш? Дека сè е црвен тепих? Дека се е убаво и лесно? Лесно е кога имаш 10, 12 натпревари по ред, сите се фит и сите се во својот врв и сите имаат 26, 27, 28 години. Се оди добро. Тоа е лесно. Сега, не. Сега морам да се докажам.
-Не е оправдување што Родри не е тука. Што ќе правиме, цело време да плачеме дека го нема Родри или дека четворицата централни дефанзивци не биле долго време во последниот месец? Морам да најдам решение и начин да го направам тоа. Се обидувам секој ден, -порача Гвардиола.
-
Шпанија22 часа
Маестро Модриќ му покажуваше на Мбапе каде да се движи на теренот, па испорача фудбалски деликатес (Видео)
-
Англија20 часа
Шок во Манчестер: Ретклиф го „шутна“ засилувањето од Њукасл по само пет месеци! (Фото)
-
Италија22 часа
Раниери откри зошто го закова за клупа капитенот на Рома
-
НБА21 час
НБА хит: Циркузантската тројка на Дончиќ „од паркинг“ со звукот на сирената (Видео)
-
Англија21 час
Караницата меѓу Белингам и Арда предизвика ерупција на Реал во Каталонија (Видео)
-
Англија19 часа
Голем пресврт: Новинарот кој има инсајдерски информации за Салах го откри следниот чекор на Египќанецот
-
Англија12 часа
Палмер испиша историја во ПЛ, Челси со голем пресврт до славје во трилерот со Тотенхем
-
Италија12 часа
Маикон со емотивна видео порака за Пандев: Никогаш нема да заборавам еден твој гол