Англија
Гвардиола: Клубот знае дека нема да поднесам оставка…
Манчестер Сити минита ноз тешка резултаска криза, најтешка откако Пеп Гвардиола е на чело на клубот кој неколку години доминира во Премиер лигата.
„Граѓаните“ веќе некој период изледаат непрепознатливо, забележана е само една победа на последните десет средби во сите конкуренции што е доказ за проблемите со кои се соочува англискиот шампион.
Менаџерот Пеп Гвардиола се обидува да пронајде решение, ама засега не му оди, а проблем е тоа што неколку важни играчи не му се достапни, се враќаат од повреди, плус некои се далеку од посакувната фоорма.
-[Сопствениците] знаат кога ситуацијата е лоша и кога почнуваме да губиме натпревари, тогаш тоа не е одржливо. Тогаш нема да бидам тука следниот месец или во следните два месеци. Резултатите го диктираат тоа – и ова е реалноста. Не можеме вечно да губиме натпревари. Можеби затоа што она што го направивме во минатото [луѓето сметаат дека нема да ме отпуштат] но секојдневно нe oценуваат како менаџери.
-Во една лоша сезона, можете да бидете во аут. Клубот знае дека нема да го направам тоа [оставка]. Клубот би морал да го направи тоа. Сакам да бидам блиску до играчите. Сакам да бидам покрај нив. Загубивме многу натпревари – повеќе отколку што имаме во две сезони. Нешто погрешно се случува, но јас се ставам себеси на прво место и размислувам што можам да направам подобро. Во Торино [поразот од Јувентус во среда со 2-0] имавме четворица играчи од академијата за да можеме да ја видиме реалноста.
-И на наредниот натпревар ќе биде така и во последниот месец. Може да преживеете неколку натпревари, но ние го правиме тоа повеќе од еден месец со играчи со многу минути во нивните нозе. Тоа не е затоа што не го сакаат – тоа е поради календарот, распоредот. Следното лето ќе одиме да играме на Светското клупско првенство во Орландо, а потоа три недели подоцна треба да ја започнеме Премиер лигата. Невозможно е, -вели Гвардиола кој запрашан дали фудбалот станува неодржлив за играчите, неговиот одговор беше следен:
-Се разбира. Но, шоуто мора да продолжи и ќе продолжи. Кога Родри не игра, ќе влезе друг играч. Премиер лигата го брани нивниот бизнис, па јас го бранам мојот. Мојот бизнис се моите играчи. Мојот успех се моите играчи и сакам да ги заштитам. Овие играчи направија нешто што ниту еден тим во оваа земја не го направи и овие играчи повторно ќе го направеа доколку не беше распоредот, -порачува Шпанецот за „Скај Спортс“.
Сити оваа вечер се соочува со Јунајтед во градското дерби во Премиер лигата.
-
Светски првенства9 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Репрезентација18 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Свет17 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Шпанија14 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Англија8 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Италија17 часа
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)
-
Шпанија10 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Англија10 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот