Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Ќе спијам помирно поради заминувањето на Клоп

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Јирген Клоп ја изненади целокупната англиска јавнос и како гром од ведро небо ја сподели веста дека си заминува од Ливерпул по крајот на сезоната, две години пред истекот на неговиот актуелен договор со „црвените“.

ГЕрманецот посочи дека се почувствувал ранливо во изминатите неколку месеци и посочи дека е време да му остави простор на друг менаџер, а аргументите кои ги наброја додека ја објасуваше својата одлука му привлекоа внимание и на Пеп Гвардиола.

Шпанецот се препозна во зборовите на Јирген и посочи дека се соочил со идентична ситуација кога реши да ја напушти Барселона, но при давањето коментар за најактуелната тема во Англија, менаџерот на Сити не пропушти да нагласи дека ќе има доста помирни ноќи во иднина.

– Мора да признаам дека сум малку изненаден од одлуката на Клоп. Тој е неверојатен менаџер, а иако не го познавам толку добро на приватен план, знам дека е и извонредна личност. Кога тој ќе си оди на крајот од сезоната, со него ќе си замине и дел од нас.

– Ливерпул беше наш најголем ривал изминатите години, исто така тој беше мој најголем ривал и како тренер на Дортмунд. Навистина ќе ни недостасува, лично мене многу ќе ми недостасува. Тоа е она што го мислам, но од друга страна пак, има и мало задоволство бидејќи без него ќе спијам помирно. Отсега ќе спијам помирно ноќите пред да играме против Ливерпул. Му посакувам се најдобро во иднина. Знам дека сега вели дека нема брзо да се врати, но тој сигурно ќе му се врати на фудбалот, – вели Пеп и додава.

– Комплетно ја сфаќам неговата одлука. Кога сте на едно место многу години, доаѓа до такви моменти. Ги слушнав сите аргументи кои ги имаше, јас се соочив со идентична ситуација во Барселона. Добро го разбирам зошто повлекува ваков потег, – заврши Гвардиола по победата на Сити над Тотенхем во ФА Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни