Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Јувентус е топ тим, иднината им припаѓа на нив

Објавено

на

Манчестер Сити не успеа да се справи со Јувентус и претрпе пораз од 2-0 на гостувањето во Торино во рамките на Лигата на шампионите.

Домаќините постигнаа два гола во второто полувреме и на тој начин обезбедија три важни бода во борбата за пласман во наредната фаза на ова натпреварување.

-Јувентус е топ тим, отсекогаш бил. Им честитам, иднината им припаѓа на нив,-порача Пеп Гвардиола кој се обидува да го извлече Сити од резултаска криза.

-Се разбира, се преиспитувам. Во добри и лоши моменти. Се обидувам да го најдам патот, но играта беше таму. Резултатите даваат добар поттик. Денеска дозволивме помалку шанси во однос на натпреварите во Премиер лигата, но на крајот ни требаше последниот момент. Тоа ни фалаше, но ќе инсистираме. Мора да го прифатиме, мораме да инсистираме, да инсистираме, да инсистираме. Мислам дека игравме со вистинско темпо, бевме толку блиску во завршниот момент.

-Мислите дека играчите не сакаат да постигнуваат голови? Има противници, има дефамзивци, и тие одлично се снајдоа. Секоја чест за нив. Играме на овој начин, и тоа е ист начин што нè доведе да направиме големи работи во Англија и во светот. Стилот на игра ќе не спаси. Немаме одбрана затоа што немаме добиено многу натпревари, но играчите дадоа се од себе и овој момент ќе не направи посилни, -порача Шпанецот кој сега ќе го спрема тимот за градското дерби со Јунајтед во Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни