Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола ја потврди разделбата со „Пајакот“: Се надевам ќе го најде тоа што го бара

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Манчестер Сити се соочи со неколку предизвици ова лето кога се во прашање заминувања на играчи кои се клучни, значајни, но иако многу се говореше за Едерсон, Кевин Де Брујне, Бернардо Силва тие останаа на „Итихад“.

Меѓутоа едно друго име си заминува, аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез кој реши да му каже „ДА“ на Атлетико, па клубовите се договорија за сумата.

Менаџерот Пеп Гвардиола не сакаше да остане без офанзиевцот, ама во исто време во неколку ситуации има порачано, потврдено дека не сака незадоволно играчи и во случајот му овозможи преселба во Шпанија.

-Прво сакам да се заблагодарам за Хулијан, освоивме сè, неговиот придонес беше огромен. Тој беше неверојатно сакан од тимот поради неговото однесување, но ако сака да замине, нов предизвик – Атлетико е врвен клуб – тогаш ако сакаш да си заминеш е во ред. Му посакуваме се најдобро. Научив многу од него, се надевам дека ќе го најде тоа што го бара.

-Не ја знам причината зошто, тој ми рече дека сака нов предизвик, чувствува дека тоа е она што треба да го направи. Минатата сезона играше многу, во некои моменти со Ерлинг, но разбирам во одредени моменти не играше. Многупати му реков на клубот дека тие на крајот ја имаат последната одлука, но велам дека договорите може да се раскинат, ако не сте задоволни зошто да бидете тука? Тој верува дека неговиот престој овде мора да заврши, така што е во ред, двата клуба постигнаа договор и тоа е се, -истакна Гвардиола.

Популарниот „Пајак“ има 24 години, а за Сити настапуваше од 2022 година.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни