Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола ја посочи главната причина за лошата сезона на Јунајтед пред финалето на „Вембли“: Се согласувам со Тен Хаг

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерик Тен Хаг ќе се бори за трофеј на крајот од сезоната која брзо ќе сакаат да ја заборават навивачите на клубот, а противникот за „ѓаволите“ не може да биде потежок и понезгоден.

Манчестер Сити минатиот викенд ја потврди четвртата титула во низа во Премиер лигата и продолжи да доминира во Англија, па така денеска ќе има шанса да дојде до двојна круна бидејќи влегува како фаворит во градскиот дуел на „Вембли“.

Пеп Гвардиола е свесен дека тоа ќе треба да се оправда на теренот, но истовремено се согласи дека Манчестер Јунајтед имал потпросечна и лоша сезона поради фактот што Тен Хаг најчесто не можеше да смета на најдобрите фудбалери.

Холанѓанецот цела сезона вели дека главна причина за ужасните резултати се повредите на клучни играчи, а Пеп го прифаќа ова оправдување како нависитна веродостојно.

– Кога не победувате во големите клубови, секогаш сте во неволја. Тоа не е тајна и јас исто така би бил во неволја ако не победуваме. Тен Хаг направи многу добри работи во Јунајтед и имам огромна почит за работата која ја вршеше и претходно.

– Целосно се согласувам со Тен Хаг кога вели дека го намаше цел тим на располагање во текот на сезоната. Имаа многу повреди и тоа што го кажува е вистина. Навистина треба да мислат дека тоа е причината за нивните резултати. Играчите мора да ви стојат на располагање, инаку не може да ги користите. Имаа многу проблеми со повреди и нивниот менаџер страдаше целла сезона, – порача Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни