Англија
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело

Жоао Кансело го замени Манчестер Сити со Баерн Минхен во заем кој беше едно од најголемите изненадувања во зимскиот преоден рок.
Португалецот освои многу трофеи со Сити, но реши барем привремено да ја напушти Премиер лигата и ќе му биде на располагање на Баерн до крајот на сезоната.
Пеп Гвардиола зборувал отворено за ова сценарио и објаснил зошто му дозволил на Кансело да замине.
– За време на подготовките во текот на Светското првенство решив да играме во малку поинаква формација, други фудбалери добија поголема минутажа, а Кансело играше помалку.
– Тој сака да игра често за да чувствува добро, затоа му дозволивме да оди во Баерн и се надевам дека ќе има таква можност во Минхен.
– Кансело беше многу значаен за нас последните две сезони и тренираше максимално посветено до последен момент. Задоволен сум од составот со кој располагаме, можевме да ангажираме нов лев бек, но тоа можеби ќе се случи во летниот преоден рок, – изјавил Гвардиола.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……